Конте ќе добие отказ, Консеисао нов тренер на Интер?

Интер реди победи во Лигата на Европа, но војната меѓу тренерот Антонио Конте и клупската управа не е прекината и се очекува по завршувањето на ова натпреварување на поранешниот италијански селектор да му биде врачен отказ. Моментно фокусот е ставн на завршницата од ЛЕ, но клупските газди му немаат простено на тренерот за жестоките критики по последното калчолигашко коло.

Дел од медиумите на Апенинскиот полуостров најавуваат дека Конте не може да се спаси ниту со освоен пехар во Лигата на Европа, додека португалскиот весник „А Бола“ најави дека Серџо Консеисао е главен кандидат за негов наследник на „Џузепе Меаца“. Португалецот како играч настапуваше во Интер во периодот од 2001 до 2003 година, а препорака му се одличните резултати што ги имаше сезонава како стратег на Порто. Консеисао ја врати шампионската титула на „Драгао“, Порто сака да го задржи на клупата, но јасно е дека доколку Интер тргне во офанзива овој стратег тешко дека ќе може да одолее на опцијата за преселба во Калчо-лигата.

Претходно, за главен фаворит за нов тренер на Интер доколку Конте добие отказ се споменуваше екс-стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Се вчитува...