Конте нервозно: Интер ако не игра 200 км на час е еден обичен тим

Интер ремизираше на гости кај Лече и полека го губи чекорот во трката за шампионската титула, а тренерот Антонио Конте упати критики за изданието на тимот. Вели дека Интер е само обичен тим ако не игра со брзина од 200 км на час.

„Јас постојано им го велам истото на фудбалерите. Ние мораме да играме на секој меч со 200 км на час, ако сакаме да оствариме победа. Не го достигнавме тоа ниво на дуелот со Лече. И во една таква ситуација Интер е само еден обичен тим. Одиме понатаму, не се предаваме, но мора да бидеме многу поагресивни и да покажеме желба за триумф“, изјави Антонио Конте.

 

Се вчитува...