Конте огорчен на судиите: На дресот им пишува ‘респект’, а тие не се однесуваат така…

Интер имаше водство од 0-1 на гостувањето против Барселона во Лигата на шампионите, и неколку одлични можности за осигурување на победа, но каталонскиот тим со два погодоци на Луис Суарез на крајот од мечот дојде до триумфот.

Тренерот на „нераѕурите“, Антонио Конте не е задоволен со судиските одлуки на мечот. Тоа не го криеше и веднаш по натпреварот.

„Заслуживме повеќе. Барселона беше во подредена ситуација, но мораше да ги искористиме нашите шанси“ – истакна Конте, притоа дополнувајќи:

„Но, и огорчен сум затоа што некои работи не ми се допаднаа од самиот почеток на натпреварот. Имав негативно чувство на клупата затоа што судијата влијаеше на текот на натпреварот. Судијата од почетокот ме опомена дека за секој следен протест ќе ме исклучи. На нивниот дрес стои напишано ‘респект’ и само тоа го барав. Судиите мора да го почитуваат тимот кој дошол во Барселона да игра фудбал. Почит мора да има за двата тима на терен, а не само за едниот. Затоа носам горчина од судењето“ – рече Конте.

Интер во следното коло игра против Борусија Дортмунд.

Се вчитува...