Конте отпиша четири играчи

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте пречкрта четири играчи од списокот патници за турнејата во Јужна Кореја, и на нив нема да смета идната сезона.

Станува збор за Хари Винкс, Серхио Регилон, Џовани Ло Селсо и Тангуј Ндомбеле.

На овие играчи им е порачано да си бараат нов клуб, а Конте се надева дека тоа ќе се случи што поскоро. На 13. јули тимот на Конте игра против најдобрите од корејското првенство, а потоа три дена подоцна следува дуел со Севилја.

Се вчитува...