Конте по елиминацијата од Наполи: Ова е Интер каков што сакам да го гледам!

Интер не успеа да се пласира во финалето на Копа Италија, откако во реванш полуфиналната пресметка одигра само 1-1 на гостувањето со Наполи, недоволно за обезбедување дуел со Јувентус.

Сепак, тренерот на „нераѕурите“ Антонио Конте е убеден дека место во финалето заслужил само неговиот тим…

„Голманот на Наполи беше играч на мечот. Бевме многу подобар тим и заслуживме финале. Немам што да им замерам на моите фудбалери, играа точно како се договоривме. Создадовме многу шанси, недостасуваше само смиреност пред голот, но и Оспина нанижа неколку феноменални одбрани“ – истакна Конте по синоќешниот меч, притоа дополнувајќи:

„Ова е Интер каков сакам да го гледам. Бевме агресивни, не му дозволивме на Наполи да игра и на крајот единствено ги спаси само голманот. Тоа се факти. На Наполи му честитам за пласманот во финалето, но мора да се анализира претставата а не само резултатот. Среќен сум од тоа што го покажа мојата екипа“.

Се вчитува...