Антонио Конте в недела ќе се збогува од Наполи откако трофејниот стратег постигнал договор за заминување од овој клуб со кој минатото лето потпиша нов двогодишен договор.
Уште пред неколку дена се појавија шпекулации дека Конте ги минува последните денови во Неапол, за денеска да биде потврдено дека овој стратег постигнал целосен договор со претседателот Де Лаурентис за предвремен прекин на соработката.
Со тој договор, Конте нема да бара пари за плата за преостаната сезона за која требаше да го води Наполи, а за возврат Де Лаурентис нема да бара отштета доколку овој стратег во следните 12 месеци се реши за нов тренерски ангажман.
Конте се поврзува со клупата на Јувентус доколку „црно-белите“ решат да се разделат од Лучијано Спалети, но исто така би можел да стане и селектор на Италија, во зависност од исходот на претседателските избори во федерацијата закажани за месец јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
