Конте: Ситуацијата е многу разочарувачка

Лацио и Наполи одиграа нерешено без победник на „Олимпико“, со трето едноподруго реми за „наполиитанците“ во италијанскиот шампионат.

„Ситуацијата е разочарувачка, бидејќи на последните две гостувања на Олимпико испуштивме четири бода. И двата пати примивме голови доцна во мечот. Имаме квалитет, докажуваме дека заслужуваме победа, но ваквите резултати оставаат горчина“ – изјави Конте.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Конте имал проблеми со повредени играчи, поради што Наполи против Лацио играше во формација 3-5-2.

„Не можеме да одиме против карактеристиките на нашите играчи. Имавме план, момците го почитуваа и не можев да барам повеќе од ова. Во секој случај, мора да бидеме горди на она што го правиме сезонава, да се бориме за овој дрес како што правиме на секој натпревар. Се трудиме да го дадеме најдоброто од себе. Знаеме колку напорно работевме за да стигнеме до врвот на табелата. Горд сум кога ќе видам што направивме” – вели Конте.

Се вчитува...