Конте со порака до Де Бруине: Еднаш простувам, вториот пат…

Наполи го претрпе првиот пораз во новата сезона на дербито со Милан, а во фокусот на јавноста се најде реакцијата на Кевин де Бруине кога тренерот Антонио Конте реши да го повлече белгискиот ас од игра.

Конте веднаш по мечот порача дека за Белгиецот е подобро да биде лут на својата игра отколку на тренерската одлука, а трофејниот стратег на денешната прес-конференција испрати нова порака на истата тема – дека таков престап нема да биде толериран во иднина.

„Сите оние кои ме познаваат се свесни дека имам принципи до кои се држам и инсистирам на ниво на однесување кое е исто за сите. Не станува збор за еден одреден играч, без разлика кое е неговото име, јасно ми е дека некој што нема работено досега со мене може да направи грешка за јас потоа да морам да го решавам проблемот и да ја вратам хармонијата во групата. Во таква ситуација – простувам кога тоа ќе се случи по првпат, но ако има и вторпат, тогаш…“, прокоментира Антонио Конте.

Се вчитува...