Конте за незадоволството на Де Брујне: Ја избра погрешната личност на која ќе биде лут

Тренерот на Наполи, Антонио Конте го анализираше првиот пораз во Серија „А“, откако неговиот тим синоќа загуби од Милан со 2-1 во петото коло во италијанскиот шампионат. Со тоа Милан сега е првопласиран на табелата со ист број на бодови како Рома и Наполи.

Конте ја коментираше реакцијата на Де Брујне, кој истакна незадоволство откако беше изваден од теренот на Сан Сиро.

„Се обидов да донесам свежи играчи за игра еден на еден, бидејќи Милан многу се приближуваше. Во нападот, го доведов Лука за да ги промени работите. Замените се прават за да се направи пресврт и мислам дека тие беа правилни. Де Брујне се надевам беше лут порази резултатот. Затоа што ако беше лут поради нешто друго, тогаш ја одбрал погрешната личност на која ќе се лути“, изјави Конте.

Се вчитува...