Конте „загриза“ за Дембеле

Францускиот интернационалец Усман Дембеле од Барселона, би можел на лето да се пресели во Лондон и да го носи дресот на Тотенхем, пренесуваат шпанските медиуми. Актуелниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте, „загризал“ да го донесе Французинот во својот тим.

Договорот на Дембеле истекува на 30. јуни, а доколку до крајот на годината не ја обнови соработката со Барселона, може да влезе во преговори со останатите клубови.

Каталонците веќе му понудија нов договор, кој првично беше одбиен, па така шансата ќе ја искористи Тотенхем кој ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Дембеле минатата сезона беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, а во меѓувреме во трката се вклучи и Њукасл, но овој клуб е на дното на табелата, факт кој го одвлекува Дембеле од преселба на „Сент Џејмс Парк“.

Се вчитува...