КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Пелистер подобар од Охрид, Тиквеш го совлада Вардар Неготино

Македонските фудбалски клубови продолжуваат со подготовките за новата сезона во Првата и Втората фудбалска лига на Македонија.

Битолската гордост Пелистер во дуелот на второлигашите славеше против Охрид со 1-3. Стрелец на голот за Охрид беше Алтин Лога.

Победа запиша и прволигашот Тиквеш кој во локалното дерби славеше над Вардар Неготино со 2-1. Стрелци на головите за кавадарчани беа Цубара и Ѓоргиев.

Детонит Плачковица славеше над Беласица со 2-1. Беса беше подобра од Алтин Асир од Туркменистан со 3-0.

 

Се вчитува...