КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Работнички поразен од Ашдод, Тиквеш ја доби Брегалница

Македонските фудбалски клубови продолжуваат со подготовките за новата сезоан во Првата и втората фудбалска лига.

Работнички загуби од израелски Ашдод со 2-4 на подготовките кои тимот од Дебар маало ги одработува во Словенија. Изрелците беа подобри во првото полувреме и го заокружија со предност од 0-3, а хет-трик постигна Ојлеви.

Манојлов во 84.минута намали на 1-3, Аждод преку Абарџил постигна уште еден гол, а конечниот резултат го постави Мурати од пенал во 89.минута.

Пријателски натпревар одиграа и големите ривали од истокот Тиквеш и Брегалница во кој кавадарчани беа подобри со 2-1. Стрелци за Тиквеш беа Ивановски и Гасама, додека единствениот погодок за Брегалница го постигна Андерсон во 88. минута.

Битолската гордост Пелистер славеше против Каменица САСА со 2-0.

Се вчитува...