КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Вардар до прва победа на Златибор, Башкими подобар од Тетекс

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар стигна до првата победа на подготовките за кам-бекот во ПМФЛ во Златибор.

„Црвено-црните“ денеска беа подобри од црногорскиот второлигаш Бокељ со 2-1. Црвено-црните дадоа голови во 16. минута кога Мицевски стрелаше од пенал и во 38. минута кога погоди Мишковски. Бокељ со гол во средина на второто полувреме намали на 1-2.

Пријателски натпревар одиграа и второлигашите Башкими и Тетово кој тимот од Куманово го доби со 2-1. Стрелец на голот за ФК Тетекс беше Михајло Јакимоски.

Се вчитува...