Контроверзна студија покажува – Сена е најбрз возач во историјата на Формула 1

Контроверзна студија која ја направи Формула 1 вели дека легендарниот Аиртон Сена е најбрзиот возач во историјата на спортот. Софтверот користел алгоритми од сите квалификации од 1983 година, а тргнати се сите перформанси на болидот.

Сена е за 114 илјадитинки побрз од седумкратниот светски шампиони Михаел Шумахер, а третото место му припаѓа на Луис Хамилтон кој е за 275 илјадити делови од секундата поспор од Сена. Потоа следуваат Макс Верстапен, Фернандо Алонсо, Нико Розберг, Шарл Леклер и Себастијан Фетел, а има и навистина изненадувачки имиња во топ 10 како Хајки Ковалаинен и Јарно Трули.

Контроверзно е тоа што во топ 10 нема место за легенди на спорто како што се Алан Прост, Нелсон Пике, Најџел Менсел, Мика Хакинен и Кими Раиконен.

Се вчитува...