Контроверзниот Шек: Па и јас можев да отидам во супертим, така е најлесно…

Еден од најконтроверзните теми во НБА лигата е формирањето на супертимови со цел лесно да се стигне до „прстен“. Оваа пракса се негува се почесто во последната деценија, а еден од примерите е тимот на Голден Стејт кој со Стеф Кари, Кевин Дурент, Клеј Томсон и Дрејмонд Грин доминираше во 2017 и 2018 година.

Сега на оваа тема проговоре и легендарниот Шекил О’Нил кој вели дека доколку знаел дека оваа пракса може да се негува и тој би го искористил „полесниот пат“.

„Верувајте, да знаев дека е во ред да се здружам со Хаким и да играм покрај него откако ме „збриша“ во 1994 година тоа и ќе го направев. Ќе отидев и да играм со Тим Данкан и Дејв Робинсон, така е е најлесно, но реков не. Јас постојано гледав каде „крварам“, учев од „раните“ и сакам да ги добијам тие момци, а така и направив“, изјави Шек.

Дали контроверзниот центар е во право, оценете самите. Со потписот за Лејкерс во 1996 тој им се приклучи на Коби Брајант, Роберт Хори и Дерик Фишер, подоцна на Алонцо Моринг, Двејн Вејд и Хаслем во Мајами во 2004 година, како и Ражон Рондо, Пол Пирс и Кевин Гарнет во 2010 година во Селтикс.

Се вчитува...