Копенхаген доаѓа со повеќе навивачи во Скопје

Данскиот првак ФК Копенхаген се подготвува за доаѓањето во Скопје, каде во вторник (20 часот) на „Телеком арена“ го очекува првиот меч против Вардар во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. По меѓусебен договор на двата клуба, а и со одобрение од УЕФА, Вардар ќе биде домаќин на првиот дуел, а реваншот ќе се игра на 2 август во Данска.

ФК Копенхаген сака да има што е можно поголема поддршка и на гостувањето, па одлучи да допатува во Скопје со чартер – авион со поголем капацитет, канејќи ги фановите да допатуваат во Скопје и да бидат дел од првиот натпревар против Вардар.

Данскиот клуб во Македонија ќе пристигне в понеделник, во утринските часови, а потоа ќе го одржи и официјалниот тренинг на теренот на нашиот најголем стадион.

Денеска ФК Копенхаген ќе го игра и натпреварот од данскиот шампионат, на гости против Рандерс, со почеток во 16 часот.

Се вчитува...