Корејскиот клуб казнет поради „секс-куклите“ на трибините

Корејскиот прволигаш Сеул, како би го подобрил визуелниот ефект на натпреварите без навивачи во време на коронавирусот, се одлучи да постави кукли на трибините. Но, проблем е тоа што се работеше за кукли за сексуални услуги.

„Овој инцидент навистина ги навреди жените и семејствата меѓу навивачите“ – објави раководството на корејската К-лига одлучувајќи да го казни Сеул со 74.000 евра.

Клубот, пак, јавно се извини нагласувајќи дека мислеле дека се работи за обични кукли кои се гледаат по излозите, иако признаа дека ги купиле од добавувач кој е всушност за продажба на „играчки за сексуално задоволство“.

„Можеби се ќе минеше незабележано доколку организаторите не се потрудеа малку и да ги тргнеа обележјата на куклите. Некои од куклите дури и држеа реклами за порнографски страници. А, порнографијата во Јужна Кореја е забранета“ – пренесува Би-би-си.

„На крај памет не ни беше дека би можело да се работи за играчки за сексуално задоволство“ – истакна Ли Ји-Хон, член на раководството на ФЦ Сеул.

Се вчитува...