„Кориере“ го оцени со висока осумка придонесот на Елмас во титулата на Наполи!

Угледниот „Кориере дела Сера“ го оцени со висока осумка придонесот на македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас во првата титула на Наполи по цели 33 години пауза.

Елмас партиципираше со шест гола и три асистенции во Скудетот на наполитанците, но пред се и поради своите игри на терен „Кориере“ оцени дека е еден од најзаслужните за трофејот кој го израдува цел Неапол.

„23-годишниот Елмас беше еден од најомилените фудбалери на Лучијано Спалети за третата титула на Наполи, најмногу поради универзалноста и можноста да го користи на многу позиции, па дури и како ‘лажна деветка’ и центарфор во отсуство на Осимен и Симеоне. Головите и асистенциите, вкупно девет, само го потврдуваат големиот придонес“ – се вели во објаснувањето за Елмас.

Според оценките на „Кориере“ пред Елмас се тренерот Лучијано Спалети, како и Џовани Ди Лоренцо, Ким Мин Јае, Станислав Лоботка, Виктор Осимен и Квича Кварацхелија кои имаат оценка – девет.

Се вчитува...