Корона-хаос во Евертон пред стартот на Премиер-лигата

Рафа Бенитез се соочува со огромни главоболки во пресрет на премиерлигашкото деби на клупата на Евертон, откако шпанскиот стратег објави дека нема да може да смета на петмина првотимци за утрешниот дуел со Саутемптон.

Првата „ѕвезда“ на тимот, Хамес Родригез, нема да биде во комбинација бидејќи се наоѓа во самоизолација поради конакт со позитивно лице на Covid-19, исто како и голгетерот Кеан, потоа португалскиот играч за врска Андре Гомеш и Жан-Филип Гбамин. Името на петтиот фудбалер на Евертон кој се наоѓа во самоизолација не беше објавено во јавноста.

„Знам дека Хамес сака да си замине и јас разговарав со него на таа тема. Тоа сега и не е толку важно бидејќи тој секако нема да настапи против Саутемптон бидејќи се наоѓа во самоизолација“, изјави Рафа Бенитез.

Добра вест за Евертон е што на тимот му се приклучи Ричарлисон, кој го предводеше Бразил до златото на ОИ, а во комбинација за настап против Саутемптон ќе биде и првиот стрелец од ланската сезона, Калверт Луин.

Се вчитува...