Корона-хаос во ПСЖ: Уште тројца фудбалери позитивни на Covid-19

Францускиот првак Пари Сен Жермен се соочува со сериозни проблеми откако речиси половина тим заболе од Covid-19. По првите три случаи на позитивни тестови на коронавирусот што ги имаа Нејмар, Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, сега допилнителни три нови заболени фудбалери.

Голманот Кејлор Навас, дефанзивецот Маркињос и напаѓачот Мауро Икарди исто така се позитивни на Covid-19. Сите се во изолација, а засега немаат силни симптоми. Во меѓувреме, сите останати фудбалери се изолирани за пандемијата да не се рашири уште повеќе.

Иако има шест случаи на Covid-19, засега мечот на ПСЖ против Ленс закажан за 10.септември во рамките на француското првенство не е одложен.

Се вчитува...