Корона-хаос во Шпанија: Модриќ смее да игра викендов, но не и три дена подоцна

Коронавирусот продолжува да создава сериозни проблеми во европскиот фудбал, а нова чудна случка доаѓа од Шпанија, овојпат поврзана со Лука Модриќ и Реал Мадрид.

Хрватот беше позитивен на Covid-19, но во меѓувреме доби негативен тест и му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти. Сепак, правилата на шпанските здравствени власти ќе донесат преседан – Модриќ да може да игра викендов, но не и во вонредното коло на гостински терен против Атлетик Билбао закажано за среда.

Имено, епидемиолошките правила велат дека секој фудбалер кој е позитивен мора да мине десет дена во самоизолација, па дури потоа да добие зелено светло за настап. Локалната самоуправа во Мадрид пак има поинакви правила, секое вакцинирано лице да може да излезе од изолација по првиот добиен негативен тест.

Согласно овие правила, Модриќ ќе има право за настап на домашниот дуел со Кадиз, но бидејќи овие „мадридски правила“ не се валидни и во Баскија, Хрватот најверојатно ќе мора да го пропушти тешкото гостување против Атлетик Билбао.

Се вчитува...