Корона-хаос за Венецуела пред стартот на Копа Америка

Венецуела ќе биде сериозно ослабена на отворањето на Копа Америка, натпреварување на кое оваа селекција ќе игра на утрешното отворање против домаќинот Бразил, по големиот број на случаи на коронавирус во венецуелскиот табор.

Резултатите од утринските тестирања беа крајно разочарувачки за селекторот Хозе Песиеро, дури дванаесет примероци биле позитивни на Covid-19, од нив пет на фудбалери кои утре требаше да настапат против Бразил. Во редовите на венецуелската репрезентација се стравува дека утре може да дојде до зголемување на бројот на позитивни играчи, со што тимот би бил уште повеќе ослабен за Копа Америка.

Согласно протоколите, селекторот ќе може да повика дополнителни пет фудбалери во случај на коронавирус во репрезентацијата, но овие играчи секако нема да можат да бидат во комбинација за утрешниот меч со Бразил.

Се вчитува...