Корона криза во Англија: Брентфорд бара одложување на целото коло во Премиер-лигата

Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк изјави дека Премиерлигата треба да го одложи целото коло претстојниот викенд како мерка на претпазливост. Пет клубови имаат пријавено позитивни случаи на Ковид-19, па затоа имаше и одложување на неколку натпревари. Најпогоден првично беше Тотнхем, но сега и Манчестер јунајтед.

Франк смета дека со одложувањето на натпреварите ќе се прекине шансата за ширење на вирусот помеѓу играчите и клубовите. Во Брентфорд се појавиле вкупно 13 позитивни случаи помеѓу играчите и стручниот штаб.

„Ако се одложи претстојниот натпреварувачки викенд, а потоа и натпреварите во Лига Купот, ќе им овозможи на клубовите малку одмор и опоравување од коронавирусот. Тренинг центрите ќе бидат исчистени и ќе се прекине ‘синџирот на инфекција’“, вели Франк.

Менаџерот вели дека е во контакт и со неговите колеги од останатите клубови и тие се за идејата колото да биде одложено.

Се вчитува...