Короната си го направи своето – НБА тимовите со 12 милиони помал буџет во новата сезона

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер говореше околу финансиската рамка која тимовите ќе ја имаат во следната сезона. НБА лигата ќе го намали „селари-капот“ во следната сезона и тоа сумата би требало да се движи од 3 до 12 милиони. Ова е очекуван потег, откако беше објавено дека лигата загубила 1,5 милијарди долари поради пандемијата од коронавирусот, бидејќи мораше првенството да биде доиграно без публика.

Пред неколку денови во американските медиуми се појави вест дека кошаркарите би можеле да останат без 40 отсто од парите кои им се загарантирани, поради наведените т.н. Ковид-мерки.

Новата НБА сезона според најавите треба да почне на 22. декевмри, а во регуларниот дел од сезоната наместо стандардните 82 натпревари ќе се играат десет помалку.

Се вчитува...