Коронавирус во Болоња: Паника за Синиша Михајловиќ

Меѓу фановите на Болоња владееше огромна загриженост откако беше обелоденето дека член на стручниот штаб на овој тим е заразен од Ковид-19. Причината за паниката е јасна – тренерот Синиша Михајловиќ пред неколку месеци ја доби тешката битка со леукемијата, што го става српскиот стручњак во групата најризични лица доколку стапи во контакт со вирусот.

Во најголем број на случаи идентитетот на заразените се чува во тајност (освен доколку тие самите не одлучат поинаку), но „болоњезите“ беа принудени да излезат во јавноста за да демантираат дека Михајловиќ е позитивен на Ковид-19.

„Ако се земе во предвид неговата здравствена состојба, за да ја увериме целокупната јавност – можеме да потврдиме дека позитивен е член на стручниот штаб, но не станува збор за првиот тренер“, изјави спортскиот директор на „болоњезите“, Марко ди Вајо.

Според првичните информации, заразениот не бил во контакт со Михајловиќ во поледните денови, а тестот на српскиот стручњак бил негативен.

Се вчитува...