Коронавирус во Манчестер Јунајтед!

Неколку фудбалери и членови на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед се позитивни на коронавирус, при тестирањето што било извршено врз „црвените ѓаволи“ утрово.

Таблоидот „Сан“ прв ја обелодени информацијата, според која „црвените ѓаволи“ стравуваат од голем број на позитивни случаи, па веќе ја известиле и Премиер-лигата, како најава дека би можеле да побараат одложување на претстојниот меч со Брентфорд, кој е закажан за вторник.

Имињата на фудбалерите кои се позитивни не се обелоденуваат во јавноста, од клубот потврдиле дека има позитивни случаи и дека согласно протоколите, сите оние кои се негативни денеска работеле индивидуално, во исчекување на ново тестирање со кое би добиле зелено светло за колективен тренинг.

Само за потсетување, дефанзивецот Виктор Линделоф мораше да го напушти вчерашниот меч со Норвич поради проблеми со дишењето, поради што медиумите шпекулираат со името на шведскиот дефанзивец како еден од позитивните во таборот на Јунајтед.

Коронавирусот во Манчетер Јунајтед следи откако неколку фудбалери на Тотенхем добија позитивни тестови, поради што беа одложени последните две средби на лондонскиот клуб, со Рен во Конференциската лига и со Брајтон во Премиер-лигата.

Се вчитува...