Коронавирусот го однесе целиот Б-тим на Јувентус во изолација

Б-тимот на Јувентус со фудбалери до 23 години комплетно е ставен под изолација поради коронавирусот. Б-тимот на Јувентус нема да ги игра натпреварите во Третата италијанска лига откако беше откриено дека тројца фудбалери од тимот на Пјаненсе веќе имаат коронавирус.

Со оглед на фактот дека Б-тимот на Јувентус неодамна играл натпревар со Пјаненсе, здравствените власти одлучија целиот состав на „црно-белите“ да оди во карантин како превенција од коронавирусот.

„Сите тренинзи и натпревари на Б-тимот се суспендирани. Сето ова е поради превенција во координација со лекарскиот тим на Јувентус, но и со здравствените власти од Алесандрија. Во постојан контакт сме со надлежните и се надеваме дека никој од нашиот тим нема да се зарази со коронавирусот“ – се вели во дел од соопштението на Јувентус.

Се вчитува...