Коронавирусот предвреме завршува една голема фудбалска кариера?

Се врати во Милан со план да игра до јуни 2021 и во Серија А, но се чини дека Златан Ибрахимовиќ предвреме ќе ја заврши својата кариера.

Како што пренесува „Газета дело спорт“, Ибрахимовиќ планира повлекување од фудбалот на крајот од сезоната а еден од виновниците е пандемијата на коронавирус ширум светот која откажа многу спортски случувања.

Швеѓанецот во јануари дојде во Милан потпишувајќи шестмесечен договор, а со можност истиот да се продолжи за уште една година. Но, согласно актуелната ситуација најверојатно договорот нема да се продолжи а тоа значи и крај на неговата кариера затоа што популарниот Ибра самиот изјави дека после Милан не планира повеќе никаде да игра.

 Златан Ибрахимовиќ своите први фудбалски чекори ги направи во шведски Малме, потоа беше дел и од Ајакс, Јувентус – каде мина две сезона, а во 2006 година се пресели во Интер каде во 117 натпревари постигна 66 гола. Од Интер се пресели во Барселона а потоа во Милан, ПСЖ… Ибрахимовиќ го носеше и дресот на Манчестер јунајтед за да на крај се пресели во САД, во дресот на ЛА Галакси.

Се вчитува...