Коронавирусот влезе и во одбојкарската репрезентација

Коронавирусот се повеќе навлегува и во македонскиот спорт, а по позитивните случаи во фудбалот, ракометот и кошарката, Covid-19 е дел и од македонската одбојка, и тоа во младинската женска репрезентација на Македонија.

ОФМ имаше предвидено подготовките на младинките да се одржат од 15 до 21 август, но проблемот се појави откако кај членови на стручниот штаб на националниот тим се појавиле симптоми на Covid-19. Откако било утврдени дека тие се позитивни на коронавирус, тренерите биле ставени во самоизолација, а тренинг-кампот на репрезентацијата предвреме распуштен.

„Ве молиме да ги контактирате вашите матични лекари и да ги известите за оваа ситуација. Следете ги вашите деца дали ќе развијат симптоми на заразеност“, гласи пораката потпишана од Генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ, до родителите и клубовите каде настапуваат младите одбојкарки кои беа дел од овој камп.

Се вчитува...