Коронавирусот влезе и во Пари Сен Жермен

Анхел ди Марија и Леандро Паредес се позитивни на коронавирус, пренесуваат француските медиуми. Актуелниот вицешампион на Европа синоќа ја извести јавноста дека двајца фудбалери се позитивни на Ковид-19.

Неофицијално се работи за Ди Марија и Паредес и над нив е веќе спроведен здравствен протокол, а се заразиле најверојатно на одмор на Ибица. Двајцата фудбалери по финалето во Лигата на шампионите заедно отпатувале на одмор, а проблем е што на Ибица се дружеа и со Нејмар, Икарди, Ерера, Верати и Навас.

Сите фудбалери треба да бидат тестирани, а по Ковид-19 протоколот на француското првенство во случај тимот да има четири или повеќе заразени нема да смеат да играат. Затоа мечевите на ПСЖ против Ленс и Марсеј се под знак прашалник

Се вчитува...