Кошаркар на Баерн Минхен преживеал мозочен удар

Кошаркарот на Баерн Минхен, Пол Ципсер, минатата седмица преживеал мозочен удар, откриваат германските медиуми иако баварскиот гигант се обидел целиот случај да остане строга тајна.

Ципсер се пожалил на влошување на состојбата минатата среда, по што веднаш бил испратен на операција, а лекарите соопштиле дека станувало збор за благ мозочен удар.

„Пол се опоравува, тоа е се што можеме да кажеме за неговата состојба. Исто така, ја молиме јавноста да ја почитува приватноста на кошаркарот и неговото семејство“, изјави портпаролот на кошаркарскиот клуб Баерн, Андреас Буркерт.

Целата случка се одвивала пред првиот меч од финалето од германскиот плејоф меѓу Баерн и Алба, а останатите кошаркари на баварскиот гигант пред мечот биле известени дека хируршкиот зафат минал успешно.

Се вчитува...