Кошаркар на Бостон ја доби најбизарната техничка грешка (ВИДЕО)

Бостон продолжува со одличните настапи во НБА лигата. Изминатата вечер славеше против Оклахома со 126-122 и ја продолжи победничката низа на седум последователни натпревари, а интересно мечот го одбележа и контроверзна судиска одлука.

Истата беше техничка грешка досудена против Џејсон Тејтум кој откако доби лична грешка плесна со рацете во знак на незадоволство. Ситуацијата брзо стана вирална на социјалните мрежи, а ја прокоментира и Кевин Дурент кој вели дека тоа е најлошата техничка грешка досудена во последно време.

Се вчитува...