Кошаркар на Хјустон добива суспензија поради вмешаност во обложување

Центарот на Торонто репторс, Џонтај Портер, е изоставен од тимот бидејќи е под истрага за наводно обложување. Како што објави познатиот американски новинар Адријан Војнаровски, Портер е осомничен за нелегални облози.

Американските медиуми јавуваат дека можните обвиненија се однесуваат на период од неколку месеци. Посебно под лупа се натпреварите на 26. јануари со ЛА Клиперс и на 20. март со Феникс санс, објави ЕСПН.

Двата натпревари, Портер ги заврши порано од очекуваното, прво поради наводна повреда, а потоа и поради болест, а на двата меча „дојде минус“ поени, скокови и асистенции. Доколку се покажат оправдани сомнежите, Портер би можел да пропушти голем број натпревари.

Се вчитува...