Кошаркарите на Хјустон приредија изненадување изминатата вечер откако славеа на домашен терен против Милвоки со 143-136. Првото име на натпреварот беше Кевин Портер Џуниор кој блесна во победата на својот тим и постави нов НБА рекорд, оставајќи го зад себе Леброн Џејмс.
Портер натпреварот го заврши со неверојатни 50 поени на кои додаде и 11 асистенции со што постана најмладиот играч во НБА лигата со само 20 години, кој успеал да ја надмине границата од 50 постигнати поени, а притоа да „асистира“ повеќе од 10 пати. Пред него овој учиник му припаѓаше на Леброн Џејмс кој овие бројки ги оствари со 23 години.
20-year-old Kevin Porter Jr. is the youngest player in NBA history with 50 points and 10 assists in a game ? ? ?
LeBron was the youngest entering tonight (23). pic.twitter.com/eiFJ1INQ9I
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) April 30, 2021
Кошаркарот на Хјустон постигна девет тројки од 15 обиди, со вкупен шут 16/26 од игра и 9/11 зад линијата за слободни фралања за 41 минута помината на паркетот. Портер постигна 17 поени во последната четвртина во која беше одлучен победникот.
? 50 PTS (career high) for KPJ
? 11 AST
? 9 3PM (career high)
? @HoustonRockets W@Kevinporterjr becomes the YOUNGEST PLAYER in NBA history with 50+ POINTS and 10+ ASSISTS in a game! pic.twitter.com/l0kMbPNNuJ— NBA (@NBA) April 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА