Кошаркар на Торонто обвинет за напад на девојката

Кошаркарот на Торонто Репторс, Теренс Дејвис е уапсен во Њујорк и обвинет за напад и други кривични дела, пренесуваат американските медиуми. Бекот на Репторс наводно во вторникот вечерта ја нападнал девојката во луксузниот хотел Мидтаун Менхетн.

Американските медиуми пренесуваат дека тој ја удрил девојката во окото, по што таа паднала, а бил искршен и екранот на неговиот телефон. Покрај девојката присутен бил и нејзиниот син кој исто така бил дел од инцидентот. Тој во моментов е пуштен од притвор и го чека стартот на судењето.

Се вчитува...