Кошаркар на Црвена Звезда одби богата понуда од Макаби, ќе го чека Реал Мадрид (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Црвена Звезда оваа сезона, Џордан Лојд ја одби богатата понуда од израелскиот гигант Макаби, која изнесувала неверојатни 650 илјади евра по сезона. Како причина за одбивањето се наведува чекање на понуда од Реал Мадрид, кој и претходно сериозно беше заинтересиран за услугите на Американецот.

„Кралскиот клуб“ на Лојд гледа како замена за Џејси Керол кој по десет години ќе го напушти Мадрид. Бекот на Црвена Звезда оваа сезона бележи просек од 17.6 поени, 3.6 скока и 3.3 асистенции по натпревар.

Се вчитува...