Кошаркарите ќе играат силни контроли во Литванија

Кошаркарската репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во главните квалификации за СП 2023, но нашите репрезентативци немаат многу време за одмор бидејќи кон крајот на месец август ги очекува првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2025.

Ова ќе значи и нов собир за најдобрите македонски кошаркари од стартот на месец август, а нешто подоцна ќе следат и неколку силни контролни натпревари.

Имено, нашата А-селекција од 8 август ќе отпатува за Литванија, каде што „црвено-жолтите“ ќе одиграат две контролни средби со домашната репрезентација, како и еден меч со селекцијата на Финска.

Ова ќе биде одличен тест на можностите против силни ривали, како увертира за почетокот на претквалификациите за ЕП во кои Македонија би требало да се сретне со противници против кои ќе атакува на победи и прво место во групата.

Се вчитува...