Кошаркарите на ЛА Лејкерс на тренинг-камп кај „тренерот“ Леброн пред стартот на подготовките со клубот

Неуспешната сезона во која не беше изборен ниту пласман во плеј-офот е веќе зад Лос Анџелес Лејкерс, а погледот е насочен кон новата сезона и уште потешкиот предизвик. Пред се новиот тренер Дарвин Хем мора да утврди на кои играчи ќе смета, а за тоа ќе има помош и од Леброн Џејмс.

Лидерот на тимот од „градот на ангелите“ пред почетокот на клупските подготовки за новата сезона ќе одржи интерни подготовки во вид на тренинг камп во Сан Диего каде ќе има можност да ги воигра соиграчите и да создаде позитивна атмосфера која треба да го води тимот во сезоната.

На Леброн Џејмс и Ентони Дејвис им требаат засилувања ова лето доколку сакаат да се вратат во игра за висок пласман во Западната конференција. Расел Вестбрук не го даде посакуваниот придонес па е пред заминување од клубот, а како опција за негова замена се јавува Кајри Ирвинг.

Се вчитува...