Кошаркарите на шампионите Вориорс на прием кај претседателот Бајден

Традиционално, НБА шампионскиот тим го посетува претседателот на САД, а оваа практика продолжи и во мандатот на Џозеф Бајден откако беше прекината во периодот во кој Доналд Трамп седеше во „Овалната соба“.

Во 2022 година, Голден Стејт Вориорс ја освоија титулата шампион во НБА, победувајќи го Бостон Селтикс во финалната серија со  4-2. Тоа беше четврта титула за тројцата најпознати играчи на „воините“ – Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон.

Вориорс не ја прослави својата титула во 2017 година со претседателот Трамп, а Кари еднаш изјави дека тимот немаше да дојде дури и ако претседателот го поканеше. Тимот предводен од Кари, исто така, му се заблагодари на Бајден за напорите што и овозможија на Бритни Грајнер, познатата американска кошаркарка, да се врати во САД како дел од размената на затвореници со Русија.

 

Се вчитува...