Кошаркарите на тренинг во Сарагоса – дуелот со Шпанија е мотив сам по себе (Фотогалерија)

ЕКИПА во Сарагоса,

Стеван Цаневски

Македонските кошаркарски репрезентативци го одржаа првиот од двата тренинзи предвидени за денеска, во пресрет на утрешниот дуел од квалификациите за СП против Шпанија.

По долгиот пат до Сарагоса, утринскиот тренинг беше искористен за „стречинг“ и шут, додека акцент на последните тактички замисли ќе биде ставен вечерва.

Јасно е, Шпанија ќе ја има улогата на фаворит на овој натпревар, но нашата подмладена селекција е решена да одигра на високо ниво и токму против најсилната репрезентација во групата да покаже дел од потенцијалот што го поседува.

 

Се вчитува...