Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе ја има улогата на носител на една од групите од претквалификациите за наредниот светски шампионат.
Откако не успеа да се пласира на Евробаскет, Македонија автоматски беше префрлена во најнискиот ранг од квалификациите за СП, но среќна околност е што нашиот национален состав ќе се најде во првиот шешир од ждрепката, избегнувајќи ги како ривали Црна Гора, Шведска и Летонија.
На утрешната ждрепка ќе бидат извлечени четири групи од по три селекции, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во главните квалификации за СП.
Овие средби ќе бидат закажани за месец август и ќе бидат и првите предизвици за македонската репрезентација под водство на новиот селектор Бајиќ, но со сериозен проблем поради отсуството на капитенот Војдан Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА