Кошаркарите поразени со 36 разлика на „тестот“ со Црна Гора

Новиот селектор на кошаркарската репрезентација Александар Јончевски, имаше деби со пораз на клупата на националниот тим. Македонија вечерва на пријателски натпревар е убедливо поразена од селекцијата на Црна Гора со 89:53 во натпревар одигран во салата „Тополица“ во Бар.

Црногорците речиси во целиот меч ја имаа ситуацијата под контрола, и на крајот заслужено убедливо славеа триумф.

Ова беше натпревар како подготовка за натпреварите во квалификациите против Данска на гости и Словачка на домашен терен на 25, односно 28. август.

Се вчитува...