Кошаркарот Нихад Ѓедовиќ во проблеми: „Јас не сум Златан“

Поранешниот босански кошаркарски репрезентативец и член на Баерн Минхен, Нихад Ѓедовиќ, се најде во неочекувани проблеми откако малку го промени имиџот. Тој ја пушти косата и сега многу наликува на шведскиот фудбалски ас, Златан Ибрахимовиќ. Фановите на улица го застануваат за фотографија, но мислат дека тоа е популарниот голгетер.

„Откако пуштив коса, луѓето секој ден ме бараат за пријател на Фејсбук или на Твитер. Оваа година бев во Париз на три дена, и таму секој втор човек ме застануваше да се слика со мене. Неверојатно. Сите мислат дека сум Златан Ибрахимовиќ“, изјави Ѓедовиќ.

Ибрахимовиќ објави автобиографија со наслов „I am Zlatan“, а сега кошаркарот размислува за слична книга, под наслов „I am not Zlatan“.

Се вчитува...