Кошаркарска каша-попара: Коронавирус во М16-репрезентацијата, не ги чекале резултатите од тестовите

Кошаркарската селекција за играчи до 16 години експресно мораше да се врати назад во Македонија откако стигнаа резултатите од корона-тестовите, при што двајца наши кошаркари се позитивни.

Шокантно делува незаинтересираноста на раководството на КФСМ и луѓето задолжени за репрезентациите, кои во ист период во кој поради корона-протоколи спречија јавноста и новинарите да го следат настапот на А-тимот, сега воопшто не ги чекале резултатите од тестирањето на младите кошаркари пред експедицијата да тргне на пат, за последните контролни натпревари во пресрет на ФИБА-челинџер турнирот на кој нашата селекција треба да биде домаќин во Скопје.

Кога резултатите конечно пристигнале, бил запален „алармот“ бидејќи двајца од кошаркарите биле позитивни, а со оглед на фактот дека сите заедно тргнале на пат со автобус, огромни се шансите дека заразата во наредните денови ќе се прошири и кај нови играчи од селекцијата, со што ќе се сведат на теорија шансите за добри игри и резултати на ФИБА-челинџер турнирот.

Ќе одговара ли некој за ваквиот крајно непрофесионален однос во куќата на кошарката, со кој директно се загрозува здравјето на децата кои се иднина на мак-баскетот.

Се вчитува...