Кошаркарската сезона во Израел заврши без шампион!

Израелската кошаркарска лига одлучи да ја заврши сезоната пред решавачкиот трет натпревар од финалната серија помеѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Ерусалим поради безбедносни ризици.

Одлуката беше донесена едногласно на состанок на комитетот, на кој се вклучени и членови на двата клуба. Третиот натпревар нема да се игра поради воената состојба во земјата, а израелските медиуми објавија дека странските играчи на Макаби веќе ја напуштиле земјата.

„Во отсуство на третиот натпревар, кој е неопходен за да се одреди шампионот, комитетот одлучува дека шампионот нема да биде прогласен“, се наведува во соопштението.

Се вчитува...