Кошмар за Ферстапен и Хамилтон во Баку – победа на Перез, подиум и за Фетел (ВИДЕО)

Големата награда на Азарбеџан донесе возбудлива трка во која Макс Ферстапен остана без нови 25 бода откако на пет круга пред крајот откажа левото задно тркало на болидот на Ред Бул и Холанѓанецот се заби во сигурносната ограда. Тоа го искористи Серхио Перез откако по долгата пауза за расчистување на болидот го задржа првото место, а трагичар е и Луис Хамилтон кој по „рестартот“ излета од стазата.

Второто место му припадна на Себастијан Фетел, кој за прв пат по ГН на Турција во 2020 година се искачи на подиумот, додека Пијер Гасли заврши како трети.

Претходно во 31. круг уште еден судар ја прекина трката откако слично како на Ферстапен, се блокираше и тркалото на Ленс Строл, но за среќа Канаѓанецот заврши без повреда.

Се вчитува...