Проблемите на Игор Тудор за време на оваа репрезентативна пауза значително се зголемија откако Глеисон Бремер заработи незгодна повреда на коленото.
Бразилецот е главен дефанзивец на „старата дама“, тој пропушти голем дел од ланската сезона поради повреда на лигаментите во коленото. Бремер беше стандарден на почетокот од сезонава, но заработи нова повреда, овојпат на менискусот на левото колено.
Јувентус ја потврди информацијата обелоденувајќи дека Бразилецот во текот на денешниот ден ќе биде опериран во клиника во Лион, Франција, по што ќе бидат познати и повеќе детали околу неговата пауза од терените.
„Старата дама“ во следните две седмици ја очекуваат три незгодни гостувања во низа (против Комо и Лацио во Серија А, против Реал Мадрид во ЛШ), мечеви на кои Тудор дефинитивно ќе го нема на располагање столбот на својата одбрана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

