Kошмар за Ливерпул: Фримпонг отсуствува неколку недели

Холандскиот репрезентативец и член на Ливерпул, Џереми Фримпонг доживеа повреда на гостувањето во Франкфурт во рамките од третото коло во Лигата на шампионите. Неговиот тим успеа да победи со 1-5 на ова гостување, меѓутоа сега десниот бек е загубен на неколку недели.

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот после натпреварот кажа дека Холанѓанецот ќе мора да паузира во следните неколку недели, потврдувајќи ја лошата вест од која стравуваа фановите на „црвените“.

Ливерпул со вчерашната победа ја прекина серијата од четири порази во сите натпреварувања, но и слабата форма на одредени играчи како што се најскапото засилување Александар Исак. Флоријан Вирц, скапоплатениот играч кој дојде од Баер Леверкузен, вчера, конечно заигра според очекувањата и во Франкфурт имаше две асистенции.

Се вчитува...