Кошмар за Пелистер: Доналдсон ја скина тетивата, сезоната за него заврши само што почна

Пелистер ја отвори новата прволигашка сезона со пораз во Гостивар, но уште поголем проблем за тренерот Илиевски од загубените бодови претставува повредата на Донован Доналдсон.

Американецот пристигна само неколку дена пред стартот на сезонава од таборот на ТФТ и требаше да биде лидер на битолчани сезонава, но настрада во втората четвртина од дуелот во Гостивар, по што веднаш стана јасно дека повредата е многу сериозна.

Деталните прегледи покажале кинење на тетивата, како што информираат од битолскиот клуб веќе е извршен и хируршки зафат врз Американецот, на кого за жал му претстои долга пауза од терените.

Се вчитува...