Кошмар за Реал: Белингем во „аут“ неколку недели

Реал Мадрид потврди дека на средбата со Валенсија вечерва ќе биде без услугите на Џуд Белингем. Играчот од средниот ред на екипата има дислокација на рамото, и нема да биде дел од тимот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал ќе биде без Белингем 2-3 недели. Тоа е голем хендикеп, имајќи во предвид дека Белингем е прв стрелец за „кралевите“ и моментално најдобар фудбалер на тимот.

„Белингем има дислокација на левото рамо, и нема да биде на располагање за натпреварот со Валенсија“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Се вчитува...